Економија 17.11.2018 10:39

Биткоинот ја губи „рамнотежата“

Биткоинот ја губи „рамнотежата“

Вредноста на најпопуларната криптовалута на светот оваа недела падна под 6000 долари и тоа е најниска вредност на биткоинот во оваа година.

Цената на биткоинот паднала во средината на неделата за дури 11 отсто и тоа само во еден ден и неговата вредност запрела на 5,534 долари.

Биткоинот ден подоцна благо се оправи, на 5 680 долари, но сепак значаен пад следи по повеќемесечна стагнација на ниво од околу 6000 долари .

Својата највисока вредност доларот ја достигна во декември 2017та кога цената му беше скоро 20 000 долари.

Валутата беше релативно стабилна од септември кога нејзината вредност се движела од 6000 до 7000 долари.

Пазарната капитализација на биткоинот паднала така оваа недела под 100 милијарди долари, за прв пат од средината на септември, покажуваат податоци на CoinMarketCap.com.