Финансии 29.08.2018 16:19

Биткоинот ја мина границата од 7.000 долари, погледнете и зошто!

Биткоинот ја мина границата од 7.000 долари, погледнете и зошто!

Цената на биткоинот го поминаа лимитот од 7.000 долари, бидејќи во последниве недели беше во опсег од 6.500 до 6.800 долари. Растот во последните 24 часа моментално изнесува 2.11% или 7.054 долари.

Зголемувањето доаѓа откако минатата недела стана јасно дека Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД (US Securities and Exchange Commission – SEC) објави дека планира да ја преиспита својата одлука да се откаже од создавањето на фондови кои тргуваат на берзите (ETF), засновани на најпопуларната криптовалута.

Друг факт што помогна на растот во последниве денови се новите податоци за недостатоците или, со други зборови, оние што чекаат на падот на биткоинот.

За само една недела кратките договори се намалија за 210, на 3.426, додека долгите договори се зголемиле за 56 до 2.160, пишува „Forbes“.

Според техничката анализа на Себастијан Синклер од „Coindesk“, постои во моментов берзански тренд, а прва и посериозна граница, која ќе биде надмината, ќе е 7.400 долари.

Тешкото ниво на отпор ќе се забележи на 7.800 долари, што е 200-дневната просечна цена на движење.

Падот под 6.550 долари во наредните недели ќе значи крај на добрата перспектива за криптовалутата.

Вчера негативно за биткоинот се изрази Џордан Белфорт, кој го познаваме од филмот „Волкот од Волстрит“, каде улогата му беше одиграна од Леонардо ди Каприо. Според него, биткоинот е измама, која ќе се сруши за 1 година и многу луѓе ќе ги загубат своите пари, вели Белфорд за „CNBC“.

Останатите негативно настроени инвеститори кон криптовалутите се Реј Далио, Ворен Бафет, Бил Гејтс, додека поранешниот извршен директор на „PayPal“ го нарекува биткоинот „најголемата измама во историјата“.

Оптимистичка прогноза за цената на биткоинот даде Том Ли, кој е партнер во „Fundstrat Global Advisors“. Според него, до крајот на 2018-та година ќе бидеме сведоци на нова рекордна вредност од 25.000 долари.