Економија 25.04.2018 11:34

Биткоинот може да предизвика светска финансиска криза

Биткоинот може да предизвика светска финансиска криза

Изворот на следната светска финансиска криза би можел да биде од криптовалутите меѓу кои е најпознатата – биткоин. Со други зборови, биткоинот би можел да биде она што за кризата во 2008 година беше банката “Леман Брадерс”, втората по големина инвестициска банка во САД, чиј пад предизвика катастрофа на берзанските индекси на Волстрит.

Ризикот од криптовалутите по финансискиот систем, италијански банкари и тоа како го размислуваат, потврди Омар Лодезани, претседател на одделот за услуги на “Интеса Санпаоло Груп”.

Зошто криптовалутите се потенцијален извор на криза? Па затоа што луѓето сакаат што повеќе да се збогатат, што беше предизвикувач и на претходната голема криза во 2008 година. Водени од желбата да станат уште побогати, стануваат помалку рационални, купуваат и она што не им треба, а кога шпекулираат ризикот од загуба е поголем, објаснува Лодезани.