Економија 14.06.2018 10:35

Биткоинот падна по кражбата на криптовалути во вредност од 40 милиони долари

Биткоинот падна по кражбата на криптовалути во вредност од 40 милиони долари

Не е ретка појава менувачниците на криптовалути да бидат хакирани, а загубите често се мерат во десетици милиони долари. Секогаш кога ќе се случи нешто слично, цената на Биткоин остварува вртоглав пад. Токму тоа се случило откако менувачницата од Јужна Кореја “Coinrail”, потврди дека е хакирана и дека хакерите украле токени и алткоини во вредност од 40 милиони долари.

Ова, исто така, имаше влијание врз вредноста на Биткоинот, кој падна до кај 6500 долари. Вредноста на Биткоинот сега е околу 6850 долари. Битконот веќе изгуби повеќе од 50 отсто од својата вредност во текот на изминатите неколку месеци, откако на крајот на минатата година беше во вредност од рекордни 19.000 долари.

“Coinrail” во својата изјава не откриваат како се хакирани, но се знае дека украдените токени вклучуваат IRC, NPXS и ATX. Менувачницата сега го испитува системот и нагласува дека сите криптовалути, кој беа изложени се замрзнати.