Актуелно 02.07.2018 13:21

Продадена првата уметничка слика за биткоини

Продадена првата уметничка слика за биткоини

Биткоин веќе почна да се користи и за купување на уметнички дела! Лондонска галерија одржа криптовалутна аукција, на која е продадена првата слика за биткоини –  делото на уметникот Енди Ворхол наречено „14 мали електрични столчиња“. Уметничкото дело било купено во делови преку платформата „Maecenas“.

Првата светска аукција на криптовалути се одржа на 20 јуни. Учесниците имаа можност да купат дел од уметничките дела на Ворхол од 1980 година.

На аукцијата беше набавена само 49% од сопственоста, што значи дека само половина од сликата била проценета на 5,6 милиони долари или 950 биткоини.

„Секој може да стане сопственик на Ворхол“, стои во блогот на страницата на „Maecenas“. Целта на аукцијата е да се промовира демократизација на пристапот до ремек-дела од светската уметност.

Настанот бил организиран од „Dadiani Syndicate“, првата британска уметничка галерија која прифаќа криптовалути како средство за плаќање.

Еве за кое уметничко дело од Ворхол се работи.