Финансии 14.08.2018 20:43

Биткоинот падна под 6 000 долари

Биткоинот падна под 6 000 долари

Вредноста на еден биткоин падна во еден момент под 6 000 долари. Во исто време, и другите криптовалути се на драматично низок пат.

Биткоинот во вторникот падна за 4,5 проценти на 5,975.21 долари, а во моментов се тргува за 6,058 долари. Етреумот падна за 7,3 отсто на 263,09 долари, ХРП за 5,2 отсто на 0,26 долари, биткоин кеш за 7,9 отсто на 489,91 долари, стелар за 7,8 отсто на 0,20 долари.

Поточно, целиот криптопазар падна за околу 10 проценти во последните 24 часа.