Финансии 19.12.2018 10:34

Биткоинот се враќа во игра: Скок од 11 проценти за само еден ден

Биткоинот се враќа во игра: Скок од 11 проценти за само еден ден

Вредноста на биткоинот по еден месец пад се искачи на повеќе од 3.400 долари, што се должи на зголемената побарувачка на оваа криптовалута во Јапонија и Хонг Конг.

На платформата “Bitstamp”, биткоинот забележа најголем дневен пораст од 28 ноември, скокајќи за дури 11 отсто, објави Б92.

Вредноста на најпознатите криптовалути падна за околу 80 проценти во однос на минатиот декември. Само во последните три месеци биткоинот се стопи речиси за 50 проценти.

Да потсетиме, минатата година, цената на биткоинот на кратко време достигна 19.511 долари, а потоа почна потоп од епични пропорции, а криптовалутата изгуби 82 отсто од нејзината вредност.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.