Актуелно,Економија 21.10.2019 15:32

Бизнисмени: во изборна година, економијата стагнира

Бизнисмени: во изборна година, економијата стагнира

Се уште не се знае колку ќе чинат новите предвремени парламентарни избори, но штетите врз економијата ќе бидат огромни – алармираат бизнисмените. Стопанствениците предупредуваат дека проекцијата за економски раст од 4.2% догодина нема шанси да се оствари, зошто кога има избори економијата е заложник на политиката. Тендерите се замрзнуваат, нема нови вработувања, а инвестициите чекаат подобри времиња.

Дел од јавноста е загрижена дека Владата ќе го искористи вакуум периодот до профункционирањето на техничката Влада да усвои предизборен буџет, преполн со популистички мерки за купување гласови. Повисоки плати бараат административците, полицајците, наставниците, професорите, лекарите. И покрај негодувањето на вицепремиерот Анѓушев, премиерот Заев најави ад хок пораст на пензиите, првпат по 3 години и покрај тоа што СДСМ како опозиција ваквите потези жестоко ги критикуваше.

Од Стопанската комора на Македонија ги повикаа политичарите да ги доекипираат тимовите за преговарање и покрај тоа што земјава не доби датум за преговори. Од Комората на северозападна Македонија пак го критикуваат и одложувањето на пописот, бидејќи со години немаат информации од пребројувањето на населението, кои пак се клучни за планирање на идните активности.

 

 

Извор: Алфа