Актуелно 20.07.2018 13:36

Бизнисмените незадоволни од владата- СКСЗМ: Да не се брза со законот за спречување на перење пари

Бизнисмените незадоволни од владата- СКСЗМ: Да не се брза со законот за спречување на перење пари

Откако Владата овој месец го намали прагот за плаќање во готово од 15 илјади на 2 илјади евра, бизнисмените од Стопанската комора на Северозападна Македонија се побунија.

Велат забраната е многу рестриктивна и ќе го отежни бизнисот. Бараат плаќањето во кеш да биде дозволено на поголеми суми, а како пример ја наведоа Европската Унија, каде прагот е 10 илјади евра.

„Оваа примена на законот ќе ја отежне работата на бизнисот, зошто ќе го направи споро движењето на пари и стоки и ќе ги зголеми опреативните трошоци на бизнисот и ќе ги спречи граѓаните да трошат за одреден производ или услуга.“ – вели Дриљон Исени, извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Бизнисмените велат дека дека проблематично во законот е и тоа што со него приредувачите на игри на среќа не се ограничени на 2000 евра, а токму таму има потенцијална опасност за перење пари.

Но, од Министерството за финансии тврдат дека тие ќе бидат под засилени мерки за контрола. Под засилен надзор ќе бидат и политичарите во земјава, кои пред 2-3 години беа избришани од Законот.
телоп

Во 2014 година е направен претходниот Закон и истиот е менуван неколку пати. Со промените носителите на јавни функции од Р.М. се избришани од групата субјекти спрема кои се преземаат засилени мерки на анализа. Сега се проширува опсегот и под засилени мерки ќе бидат и носителите на јавни функции во Република Македонија. До сега беа само јавните функционери од други држави, велат од Министерството за финансии.

Од јануари следната година во готовина ќе се плаќа до 1000 евра, а од јуни износот ќе се намали на само 500. Оваа забрана важи за плаќањата кои ги прават и физичките, но и за правните лица. Плаќањето преку банка треба да ја намали сивата економија во земјава.