Во 5.980 обични акции издадени од винарската визба „Тиквеш“ инвестирани се 564,4 илјади евра. Акциите се купени преку блок-трансакција, што значи купувачот е познат. Цената за акција е 5.820 денари.
За реализираната блок трансакција информираат од македонска берза. Според податоците, наведената количина акции претставува 2,21 процент од основната главнина на кавадаречката ВВ „Тиквеш“. Номиналната вредност за акција е 51,13 евра. Изразено во домашната валута, вкупната вредност на трансакцијата е 34.803.600 денари.
ВВ „Тиквеш“ е позната по својот вински асортиман, кој освен на домашнот, се пласира на пазарите во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Европската унија, Русија, Украина, САД, Канада и Австралија.
Со Управниот одбор раководи Светозар Јаневски, а во составот се генералната директорка Бранка Славеска, Џон Јоновски, Љупчо Крстевски, Искра Клинкарова и Драган Тилев.
Од податоците на веб-страницата „Тиквеш“ годишно продава 15, милиони литри флаширани производи и има обрт од 43,7 милиони евра.
Оваа винарска визба ја заврши минатата година со нето-добивка од околу 4,4 милиони и со пазарна капитализација од 26,75 милиони евра. ()