Актуелно 04.07.2018 12:02

Блокирани 50 тони месо од Бразил во Албанија

Блокирани 50 тони месо од Бразил во Албанија

Националниот Институт за храна во Албанија вчера блокираше 5о тони месо пристигнато од Бразил поради присуство на бактеријата салмонела.

Во текот на оваа година Институтот на Албанија по направените анализи на месото што се увезува од Бразил блокирал и уништил уште 13о тони телешко месо во кое е утврдено дека исто така имало салмонела.

Последните месеци албанскиот Институт за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така, пред извесно време воведе и голема контрола на кланиците во Албанија.