Холандската компанија „Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ стекнува директна контрола врз приватната здравствена установа – клиничка болница „Жан Митрев“ преку купопродажба на удели, дознава „Блумберг Адрија“.
Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ е друштво основано согласно регулативата на Холандија, со седиште во Амстердам и во рамките на својата инвестициона политика има намера да стапи во стратешко партнерство со клиничката болница „Жан Митрев“ преку стекнување на контрола со купување мнозински удел, согласно одредбите од Законот за установите и Законот за здравствената заштита.
Холандскиот инвеститор е финансиска холдинг компанија која врши инвестиции во претпријатија кои вршат дејности поврзани со давање на здравствени услуги. Приватна здравствена установа – клиничка болница „Жан Митрев“ врши дејности поврзани со давање на различни здравствени услуги на трети лица и тоа општа хирургија, кардиоваскуларна хирургија на деца и возрасни, ортопедија, интерна медицина, гинекологија и акушерство, урологија, детски болести/педијатрија, оториноларингологија, радиодијагностика, психијатрија, дерматовенерологија, неврологија, лабораторија и друго.