Економија 01.08.2018 12:10

БМВ ќе инвестира милијарда евра во фабрика во Дебрецин

БМВ ќе инвестира милијарда евра во фабрика во Дебрецин

Германскиот автомобилски гигант компанијата БВМ објави дека ќе инвестира милијарда евра во изградба на нова фабрика во Дебрецин, Унгарија.

Капацитетот на фабриката ќе биде 150 000 автомобили годишно, во неа ќе може да се произведуваат и електрични и автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Од БМВ наведуваат дека новата фабрика во Унгарија ќе им помогне да ги прошират своите производни капацитети во Европа, каде овој гигант и продава 45 проценти од сите автомобили.