Живот 30.07.2018 20:43

Богата програма на „10 дена Крушевска Република“

Богата програма на „10 дена Крушевска Република“

Со подигнувањето на знамето на Крушевската Република и со традиционалните свечености на Гумење во Крушево, в среда вечер, на први август по 51-ви пат ќе бидат отворени Културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“, беше соопштено на денешната прес-конференција во Крушево. Манифестацијата годинава е во знакот на 115-годишнината од Илинденското востание и 40-годишнината од традиционалниот марш на коњаницата.
Според градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, оваа значајна манифестација и годинава ќе ги понуди традиционалните содржини, но и бројни културно-едукативни и забавни настани.
– Оваа година очекуваме зголемување на бројот на туристите кои ќе го посетат Крушево во рамките на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ и можеме да ветиме добра
забава, многу едукативни настани и разноликост во она што заедно со советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ го подготвивме, рече Христоски.
Свеченото отворање на манифестацијата е на први август од 20,30 часот на Гумење кога и ќе бидат доделени плакети на заслужни за развојот и одржувањето на Културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“, и тоа на: „Илинденски марш“ и постхумно, на Христо Христоски Мулар.
Претходно, на први август, делегации ќе ја посетата Спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и ќе положат свежи цвеќиња цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев. Во Крушево ќе се одржи изложба со традиционални влашки носии, што ја подготви м-р Ванѓа Димитриовска-Кузмановска, од универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. По 18 часоте е пречекот на коњаниците пред столбот на Крушевската Република, а потоа коњаницата ќе се движи кон Гумење.

Делегации ќе положат свежо цвеќе пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, на гробот на Тоше Проески, пред споменикот на Партизанските гробишта и во средината на криптата на илинденските востаници. Отварањето на Манифестацијата на 1-ви август ќе заврши со со импровизираниот напад на Крушево и богат огномет.

На 2-ри август, на Илинден, на Мечкин Камен, ќе се обрати, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Како дел од манифестацијата ќе настапат и повеќе културно уметнички друштва.

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ ќе понуди богати содржини до 10-ти август, меѓу кои: одбележување на влашката култура, манифестација посветена на унгарската култура, театарски претстави, концерти, ридско -брзински автомобилски трки итн.

Крушевскиот градоначалник Христоски ги поканиграшаните од целата земјаи туристите да бидат дел од 10-дневната традиционална манифестација во Крушево, особено на 2-ри август на големата прослава на Илинденското востание и Крушевската Република.