Актуелно 01.11.2018 15:10

Илинден со апел до граѓаните: Заеднички да придонесеме за побогата и помоќна општина

Илинден со апел до граѓаните: Заеднички да придонесеме за побогата и помоќна општина

Данокот на имот претставува основен извор на финансирање кој локалната самоуправа самостојно го прибира од граѓаните и правните субјекти на територија на Општина Илинден.

Со исполнување на законската обврска за плаќање на данокот на имот, граѓаните придонесуваат за реализација на буџетот и реализација на планираните проектни активности за подобрување на условите за живот во Општината, како изградба и реконструкција на улици, патишта и мостови, подобрување на уличното осветлување, заштита на животната средина и природата, изградба и одржување на улична сообраќајна сигнализација, организирање на културни манифестации, развој на спортот и рекреативните активности, организирање на спортски приредби и манифестации, социјална заштита и заштита на децата – детски градинки и домови за стари, образование и здравствена заштита…

Обврска за плаќање данок имаат сите граѓани и правни субјекти кои се сопственици или, корисници на недвижен имот на територијата на Општина Илинден.

Доколку даночниот обврзник не го пријави имотот претставува прекршок и ќе се применуваат казнените одредби од Законот за данок на имот. Доколку, пак, даночниот обврзник не го плати даночниот долг во законски пропишаниот рок се пристапува кон наплата на долгот врз основа на одредбите од Законот за данок на имот.

-Општина Илинден изминатите години направи вистински економски бум, што е реткост на овие простори. Создавајќи услови за стопанисување стана инвеститорска дестинација, но и посакувано место за живеење поради што успеа да ги задржи младите тука, создавајќи им услови својата иднина да ја градат во татковината. За ова придонесе реализацијата на многу проекти кои сигурно ќе беа помногубројни доколку беше поголема и поддршката од централната власт. Зашто, факт е дека за реализација на капиталните проекти како што се, на пример, изградбата на фекална канализација со пречистителни станици неопходна е учество и на централната власт, пред се затоа што станува збор за големи финансиски средства кои општината не е во можност во моментот сама да ги обезбеди, велат од општината.

Затоа, со исполнувањето на обврската за редовно подмирување на даночните обврски граѓаните директно учествуваат во реализацијата на проектите со кои се подобрува квалитетот на живот во Општината.

Во таа насока апел до сите граѓани и правни субјекти кои немаат добиено решение за данок на имот за 2018 година, да се јават во општина Илинден – Одделение за администрирање со цел да поднесат даночна пријава за евидентирање на непријавениот имот и со подмирувањето на оваа обврска да дадат свој придонес за побогата и помоќна Општина Илинден