Актуелно 18.06.2018 10:37

Богатите веќе контролираат половина од светското богатство

Богатите веќе контролираат половина од светското богатство

Помеѓу народот често се зборува дека во светот постојат, екстремно богати луѓе и екстремно сиромашни, и со тоа се покажува дека речиси и не постои средната класа на луѓе. Сега веќе и се докажува тоа затоа што богатите стануваат побогати, со сè побрзо темпо. Личното финансиско богатство во светот достигна 201,9 илјади милијарди долари во 2017-та година, што е за 12 отсто повеќе од пртходната година.

Според последните податоци, милионерите и милијардерите во светот денес држат речиси половина од светското богатство наспроти 45 проценти од пред 5 години.

Како што се вели во извештајот на „Boston Consulting Group“ ова е воедно и најбрзата стапка на раст на богатството на луѓето во светот во последните пет години, а главните причини за порастот се оскапувањето на голем дел од главните валути во последната година во однос на американскиот долар и секако растот на пазарите на капитал.

Глобалното богатство од 201.9 илјади милијарди долари е близу 2,5 пати поголема од Бруто домашниот производ на сите држави во светот за 2017-та година (81 илјади милијарди долари), пресметуваат уште од „BCG“.

Речиси 60% од богатството, или 121,6 илјади милијарди долари, денес се инвестициски средства – главно акции, удели во фондови, обврзници, депозити и пари. Останатите 40 проценти, или 80,3 илјади милијарди долари, денес се животни осигурувања, пензиски фондови и акции во не-јавни претпријатија.

Најсилниот раст во изминатата година беше забележан во богатството во Азија, каде што „BCG“ проценува зголемување од 19% на 36,5 илјади милијарди долари. Повеќе од 57% од ова богатство се наоѓа кај кинески државјани.

Денес, Кина продолжува да заостанува само за САД во однос на милионери и милијардери, но главниот двигател на растот е луѓето со инвестициски средства од помеѓу 250.000 и 1 милион долари. Денешните богати инвеститори се милионери утре, се вели од консултантската компанија.

Во Северна Америка, сепак, каде најголем дел од светското богатство е концентрирано – 86,1 илјади милијарди долари или 43%. Западна Европа ја зазема втората позиција со 22 отсто, 45,2 илјади милијарди долари. Вкупно 50 отсто од богатите држави во Европа денес инвестираат во инвестициски средства.

Но, милијардерите во Источна Европа и Централна Азија денес имаат четвртина од инвестициските средства во овие региони. Вкупно 28 милијардери од Источна Европа, вклучени во Индексот на милијардери на „Блумберг“, имаат комбинирано богатство од 294 милијарди долари, што е раст од 3,4 милијарди долари од почетокот на 2018-та година.

Богатството во Хонг Конг исто така е доста концентрирано, како луѓето со над 20 милиони долари поседуваат речиси 47% од вкупните инвестициски средства.

САД, пак продолжуваат да го заземаат првото место меѓу земјите со најголем број на луѓе со средства од над 100 милиони долари. Прогнозата на „BCG“ е дека за 5 години во светот, овој број ќе достигне 671.000 луѓе.