Економија 04.02.2019 18:41

Брегзит ќе им наштети на земјите во развој

Брегзит ќе им наштети на земјите во развој

Според најновата студија на Германскиот институт за развој, последиците од Брегзитот ќе ги почувствуваат и земјите во развој кои зависат од трговијата со Британија.

Меѓу најнеразвиените земји се очекува Камбоџа да биде најпогодена, а излезот на Британија од ЕУ и нејзините трговски договори би можел да резултира со тоа уште 1,7 милиони луѓе ширум светот да западнат во екстремна сиромаштија, велат авторите на извештајот.

–Без разлика на крајниот исход, бегзит подразбира суштински промени во британскиот трговски режим во поглед на трети земји“, пишуваат авторите на студијата. Велика Британија мора да дејствува за да ги намали негативните ефекти врз економски ранливите земји.

Како членка на Европската унија, Британија е членка и на ЕБА договорот со кој 99 отсто од производите увезени во ЕУ од најнеразвиените земји не подлежат на такси.

Во моментов, Камбоџа извезува 7,7 отсто од своето производство во Велика Британија. Во случај на Брегзит без договор, Британија би се вратила на правилата на Светската трговска организација, а со тоа бруто-домашниот производ на Камбоџа би паднал за 1,08 отсто.

Малави, која 3,4 отсто од вкупниот извоз го извезува во Британија, би била втортата најпогодена земја.