Финансии 26.09.2018 22:57

Брендот „Мајкл Корс“ го купи планетарно популарниот бренд „Версаче“

Брендот „Мајкл Корс“  го купи планетарно популарниот бренд „Версаче“

Преку склучување на договор „тежок“ 1,83 милијарди евра (2,12 милијарди долари), брендот „Мајкл Корс“  го купи планетарно популарниот бренд „Версаче“ и од компанијата најавија дека ќе го сменат името во „Капри Холдингс”.

Возбудени сме што „Версаче“ ќе стане дел од нашето семејство на луксузни брендови, а ние сме посветени на инвестирањето во неговиот раст, рече претседателот и главниот директор на „Мајкл Корс“, Џон Идол во соопштението за медиуми.

Модната куќа ,,Версаче” постои од 1978 година , а ја основаше Џани Версаче , кој беше убиен пред својата вила на 15 јули 1997 година , од кога со компанијата раководи неговата сестра, Донатела. „Версаче“ е 80% во сопственост на семејството, а преостанатите 20 отсто ги поседува приватната компанија „Blackstone Group“.

– Донатела ќе продолжи да води креативна визија на компанијата, изјави Идол.

Новиот сопственик планира да го зголеми продажниот објект на Версаче за 200 до 300 продавници. Со тоа, планира и да го зголеми прометот за 2 милијари долари, делумно со зголемување на процентот на обувки и аксесоари, кои се подостапни и полесно се продаваат.

Мајкл Корс е познат како луксузен бренд, иако е помалку ексклузивен, а неговите пониски цени означуваат далеку поширока клиентела. Минатата година го купи брендот „„Џими Чу“ за скоро 900 милиони фунти.