Банката објави профит од 1,5 милијарди фунти пред данок за трите месеци до 30-ти септември. Ова е пораст од 1,1 милијарда фунти пред една година.
Главниот извршен директор Џес Стејли изјави дека финансиската институција се справува добро, и покрај неизвесноста околу „Brexit“ кое силно натежнува врз расположението на пазарот.
Од податоците станува јасно дека профитот од трговија на пазараите расте со 19% до 1,2 милијарди фунти во рамките на кварталот на годишна основа.
Профитот на банката за првите девет месеци од годината е намален во однос на истиот период од 2017-та година, откако мораше да плати парична казна од 1,4 милијарди фунти во САД под обвинение за незаконска продажба на финансиски производи пред 2008-ма година.
Исто така во март стана јасно дека инвеститорот Едвард Брамсон купил 5% од акциите на банката. Оттогаш, тој се залага за поголемо враќање од инвестициското банкарско работење и троши повеќе пари за акционерите.