Економија 23.08.2018 15:02

Бугарската Влада одобри акциски план за воведување на еврото

Бугарската Влада одобри акциски план за воведување на еврото

– Бугарската влада одобри акциски план за пристап во земјата во Европскиот механизам за девизни курсеви (EMR-2) и за пристапување во банкарската унија
до јуни следната година.
Во јули Бугарија поднесе барање за влез во ERM-2, т.н. „чекална” и задолжителен двегодишен период на транзиција за воведување на еврото откако министрите за финансии на еврозоната и Европската централна банка (ЕЦБ) и дадоа на Софија „зелено светло”.
Бугарија, чија валута лев е поврзана со еврото преку валутен одбор, е прва земја што не е членка на еврозоната и која бара да се приклучи на банкарската унија, што ќе и овозможи на
ЕЦБ ги надгледува водечките бугарски кредитори.
– Спроведувањето на тие мерки ќе обезбеди почитување на претходно преземените обврски во областа на политиката кои се од големо значење за непречена транзиција кон ЕРМ-2 и
банкарската унија до јули 2019 година, што ќе резултира со воведување на еврото, се вели во соопштение на бугарската влада Софија прво мора да ја подобри својата макро финансиска рамка, да ја зајакне супервизијата на небанкарскиот финансиски сектор, како што се пензиските фондови и осигурителните компании, и да вложи поголеми напори за борбата против перењето пари. Исто така, треба да ја подобри правната рамка што се однесува на стечајните постапки.