Мозаик 20.08.2018 13:09

Bugatti ja oткри силуетата од новиот модел вреден 5 милиони евра (видео)

Bugatti ja oткри силуетата од новиот модел вреден 5 милиони евра (видео)

Францускиот производител Bugatti објави нов „тизер“ од новиот хиперавтомобил, кој е скриен под покривка. Официјалната премиера на „Divo“ е закажана за 24-ти август на „The Quial“ што ќе се одржи во Монтереј, Калифорнија.

Досега се знае дека ова ќе биде најекстремниот „Bugatti“ во историјата на брендот. Дури и покривката не може да ја скрие моќната и спортска силуета на возилото, а на претходно објавените слики се гледаат оригинилни задни „OLED“-светла, подобрената аеродинамика и луксузната кабина.

Шефот на „Bugatti“ – Штефан Винкелман веќе изјави дека „Divo“ ќе биде репер за управливост, но не даде никакви детали за автомобилот. Моторот се очекува да биде ист со „Chiron“ – 7,0-литарскиот „W16“ со 4 турбини и излез од 1.500 коњски сили. Во оваа верзија, суперавтомобилот од 0 до 100 km/h за 2,5 секунди.

Исто така е познато дека цената на „Divo“ ќе изнесува 5 милиони евра, а ќе се произведуваат 40 такви автомобили. Сепак, не е познато дали тие ќе бидат дел од циркулацијата на „Chiron“, која треба да биде 500 примероци.