Мозаик 01.11.2018 16:58

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота повлекува повеќе од 1,6 милиони возила во светот

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота повлекува повеќе од 1,6 милиони возила во светот

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота повлекува повеќе од 1,6 милиони возила во светот поради проблеми со воздушните перничиња, соопшти компанијата.

Најмногу е погодена Европа со 946.000 возила од моделите Авенсис и Корола. Како што соопштија од компанијата Тојота ќе биде заменет системот за активирање на воздушните перничиња.

– Можно е да се дојде до внатрешен краток спој со кој ќе се оштети системот, а во некои случаи може да дојде до деактивирање на воздушните перничиња и системот што овозможува ремените да се блокираат во случај на судир, се вели во соопштението.