Актуелно 04.03.2019 19:13

Бунди вредни 108.000 денари запленети на Блаце (ФОТО)

Бунди вредни 108.000 денари запленети на Блаце (ФОТО)

Девизи
– 18.500 евра, откриени при контрола на албански автомобил и личен претрес на тројца албански државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. На совозачкото седиште на возилото и во џебови од облеката на патниците биле пронајдени вкупно 20.010 евра и 30.000 долари. Согласно законските прописи на секој од патниците им биле вратени девизни средства во противвредност на 10.000 евра, а 18.500 евра биле привремено задржани. Против возачот, кој ја преземал одговорноста за непријавените девизи, ќе биде поведена прекршочна постапка.
– 6.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на српски државјанин кој, со српски автомобил и во придружба на уште еден српски државјанин, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Патникот пријавил дека се себе носи 10.000 евра, но при извршениот личен претрес, покрај пријавените пари, во мала торбичка што ја носел на рамо биле пронајдени уште 6.000 евра, за кои не поседувал потврда за пријавени девизни средства издадена од царински орган при влез во Република Македонија. Согласно законските прописи непријавените девизни средства се привремено задржани, а против патникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Автомобил со бункер и автоделови
– еден албански автомобил, марка Mercedes 200 E, во кој мобилните царински тимови откриле дополнително вграден резервоар за гориво позади задното седиште, поврзан со фабричкиот резервоар. Возачот на возилото, албански државјанин кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, изјавил дека дополнителниот резервоар собира околу 180 литри гориво. Возилото е привремено задржано, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 11 резервни делови за моторни возила, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата.
Во првиот случај, во багажниот простор и на задното седиште на автомобилот биле пронајдени 3 нови фарови за камиони, додека во вториот случај, во багажниот простор на автомобилот биле пронајдени 8 парчиња резервни автоделови (замајци, потисни плочи, ламели и хидраулични лагери).
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против патниците се поведени прекршочни постапки.