Актуелно 09.02.2019 13:01

Бужаровска: Владата нанесе непоправлива штета на културата, ги понижи сите дејци и нанесе срам по етничка основа

Бужаровска: Владата нанесе непоправлива штета на културата, ги понижи сите дејци и нанесе срам по етничка основа

Румена Бужаровска, македонска писателка, книжевна преведувачка и професорка, се огласи на својот Фејсбук профил, по скандалозната распределба на парите од страна на Министерството за култура.

„Со партиското и непрофесионално назначување на министерот за култура чие име полека ќе го запамтиме по тоа колку е неподобен, Владата на РМ нанесе непоправлива штета на културата, страшно ги понижи сите дејци во ова поле, а нанесе и срам по етничка основа. Имено, таа створи вештачка етничка поделба, иако вистинската поделба е меѓу професионалци и партиски вработени недоветни полтрони. Владата на РМ очајно се зафркнала што срамно го потцени фактот што културните работници се јавни личности коишто имаат огромно влијание врз јавното мислење“, напиша таа.