Економија 17.12.2018 12:27

Цената на “црното злато” ќе расте

Цената на “црното злато” ќе расте

Ирачкиот министер за нафта Тамер Гадбан очекува падот на цената на нафтата да запре и со тек на време цените ќе се зголемат.

Тој, исто така, верува дека цените на “црното злато” ќе паднат на 45 до 50 долари за барел, ако Организацијата на земји за извоз на нафта (ОПЕК) не го намали производството, објави Ројтерс.

Габан вели дека техничките причини не се причина за неодамнешниот пад на ирачкиот извоз на нафта, бидејќи ирачките локации имаат голем капацитет, тутку тоа се должи на временските услови.

“Нашата цел е да достигнеме извозен капацитет од 6,5 милиони барели дневно, но во неколку фази”, рече тој.

Британската агенција потсетува дека Ирак минатиот месец го обнови извозот на нафта од нафтеното поле Киркук, благодарение на склучувањето на договорот со полуавтономната регионална влада на Курдистан.

Извозот од тоа наоѓалиште беше суспендиран една година поради кризата во односите на централната влада на Багдад и регионалната курдска влада во Ербил.