Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај се непроменети на месечно ниво, а на годишно се повисоки за 5,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Податоците од месечната споредба покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,9 насто и енергија за 0,8 проценти. А, пак, мајските цени се пониски од априлските во групите интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 и капитални производи за 0,1 отсто.
На годишно ниво, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 11,3, трајни производи за широка потрошувачка – 6,9 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,7 проценти.