Актуелно 06.03.2019 23:05

Чепреганов: Национален не може да биде замена за македонски- институционално се губи македонскиот идентитет

Чепреганов: Национален не може да биде замена за македонски- институционално се губи македонскиот идентитет

Професорот по историја Тодор Чепреганов во неговото гостување во Само Вистина на Канал 5 Телевизија коментирајќи ги променетите имиња на институциите истакна  дека зборот национален не може да биде замена за македонски, и дека институционално се губи македонскиот идентитет.

– Премиерот Заев кога викаше дека со договорот е зацврстен македонскиот идентитет и македонскиот јазик, изгледа мислеше да се исфрли се  што е македонско и да се стави зборот национален, вели Чепреганов.

Тој потенцираше дека образложението на Владата не држи воопшто, затоа што во придавката македонски го имаш и етничкото и историското, а не и во национален.

– Што смета на македонско да биде пред секоја институција ? Што им сметаше на владата тоа до сега за да го промени? Кого  ова го навредува? Македонците или некои други?, прашува Чепреганов.