Актуелно 06.03.2019 23:07

Чепреганов: Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија

Чепреганов: Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија

Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија, вели професорот по историја Тодор Чепреганов во неговото гостување во Само Вистина на Канал 5 телевизија.

Коментирајќи ги комисиите со Бугарија и Грција кои треба да расправаат за македонските учебници, тој посочи дека македонските учебници за разлика од останатите балкански држави меѓу кои и овие две држави најмалку се оптеретени со национализам и се направени според сите европски стандарди.

– Јас сум против комисии и уште на почетокот кога  бев поканет да бидам член на оваа комисија кажав дека немам проблем со сопствената историја, сметам дека само тој што има проблем со сопствената историја ќе учествува во комисија за да решава некакви си работи, нагласи Чепреганов.