Издвоивме четири важни факти кои секој љубител на големиот празник Божик би сакал да ги знае.
1. Песната „Jingle Bells“ (Ѕвона ѕвонат), првично била наменета за Денот на благодарноста.
2. Германците биле првите кои донеле божикни елки во своите домови и први кои почнале да ги китат со колачиња и новогодишни сијалички.
3. На сите ни се познати ирвасите на Дедо Мраз, но дали знаевте дека тие ги обновуваат своите рогови?
Всушност, кај мажјаците ирваси еленските рогови „паѓаат“ на почетокот на декември, додека пак женките ги носат низ целата зима. Иако кај женките ирваси роговите се значително помали, сепак може да ве збуни одредувањето на полот.
4. Во Библијата никаде не е одреден точниот датум кога Исус Христос бил роден и академците ја дебатираат оваа тема со години.
Останува уште да дознаеме дали ирвасите кои ја влечат санката на Дедо Мраз се машки или женски….