Секако, криериумите се релативни, а понекогаш е потребен и компромис, но мажот со кој планирате брак треба да има четири карактеристики.
Да има работни навики
Знаеме дека во ова време неблагодарно да се зборува за добра работа и кариера, затоа што многу млади личности тешко доаѓаат до било какво вработување, а уште помалку до работно место од своите соништа. Сепак, важен е неговиот став кон работата. Ако нема работа – дали да бара? Ако има просечна работа – дали бара на подобра работа? Дали е одговорен и вреден? Дали е свесен за важноста на редовното учење и напредување? Ако одговорите на ова прашање се негативни, продолжете понатаму.
Ги почитува вашите соништа
Некои мажи со потсмев реагираат на вашите желби, соништа и идеали, па вашата амбиција да покренете сопственбизнис на пример, ја прогласуваат за нереална.
Секако дека е добро да се стои цврсто на земја, но типот кој се обидува да ве задржи на земјата и упорно ги руши вашите соништа, не е материјал за брак.
Не само дека е важно да ви дава поддршка, туку речиси е сигурно дека му недостасвува самодоверба. Морате да најдете личност која ќе ве поттикнува и поддржува и која ви помага да одите напред, дури и кога се сомневата во себе.
Самостоен е
Тој знае сам да земе кошула и не очекува дека мама/жена да ја врши таа работа. Знае да готви, да го одржува својот стан, знае да располага со парите и накратко, маж е оној кој знае сам да се грижи за себе, наместо да очекува некој друг тоа да го прави наместо него. Ако не е така, имајте на ум дека во брак стапувате со големо дете кое никогаш нема да порасне.
Има свој живот
Има своите цели, идеи, пријатели… Мажите кои во врската забораваат на општествениот живот се страшни, затоа што од вас ќе очекуваат на го направите истото. Ако не сакате да бидете со некој кој ќе прави љубоморни сцени секој пат кога ќе одите на кафе со другарките и кој ќе се обиде да ви забрани право на сопствен живот треба на време да го оставите.