Живот 24.01.2019 19:52

Лошиот брак може да ве убие

Лошиот брак може да ве убие

Познато е дека незадоволството во бракот ги прави луѓето несреќни, но истражувачите сега тврдат дека исходот може да биде фатален.
Научниците од Универзитетот во Мичиген веруваат дека несреќниот брак може да предизвика стрес, кој може лошо да влијае врз менталното здравје на партнерот. Тие тврдат дека лицата кои се несреќни со својот партнер имаат голем ризик да заболат од депресија, висок притисок и срцеви болести.

– Идејата ни е да пронајдеме валидни докази како бракот влијае врз здравјето на срцето и да ги објасниме механизмите поврзани со тоа. Резултатите ќе имаат значително влијание на работата во пракса, вели др Хиу Лиу, лидер на ова истражување.

Таа појасни дека научниците имаат причина да веруваат дека бракот е најважната општествена врска, која влијае врз нашето здравје. Таа исто така верува дека среќниот брак во животот внесува среќа и помага во физичкото и психичкото здравје на партнерите.

Од друга страна стресот предизвикан од лошиот брак носи депресија. Тоа може да поттикне на нездрави навики – алкохол и цигари, што го зголемува нивото на стрес.

Хормоните на стресот директно влијаат врз крвниот притисок и водат кон болест. Ова не е прва студија на оваа тема. Неодамна една студија која се занимавала со поддршката на партнерите исто така дошла до резултати дека партнерите, кои не се чувствуваат поддржано од брачниот партнер почесто заболуваат од болести на срцето.