Градоначалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, за кого е објавена снимка како им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат, поседува пасиште, лозје, две ливади, овошна градина и земјоделско земјиште воанкетниот лист.
Има четири куќи, од кои највредната му е во Битола и проценета е на 4 милиони денари. Куќата во Демир Хисар му е проценета на еден милион денари. Другите две се со помала цена.
Има возило Сеат Кородоба од 2002-ра година проценето на 150.000 денари. Од страната на своите родители пријавил трактор од 120.000 денари и старо возило Застава проценето на 5.000 денари.
Стојановски, им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат. Во просторијата има и мали дечиња кои го слушаат градоначалникот на СДСМ како се дере и се заканува.
-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму,им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето, пренесе Лидер.
Ваквата закана на Стојановска отвора простор за тоа дека МВР незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството.
Министерството за внатрешни работи доцна синоќа соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави на интернет.
-Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018 година. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта, се наведува во соопштението.
По насока на обвинителство Стојановски бил пуштен во 20:30 часот, а во врска со овој случај, од МВР информираат дека ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување.
Дури и да била снимката во јануари, тогаш Стојановски веќе беше градоначалник на општината и овој податок воопшто не го намалува скандалот.
Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Петходно работел во Министерството за внатрешни работи.
Целиот анкетен лист, погледнете го ТУКА