Актуелно 12.01.2019 16:52

Четири лица загинаа во експлозијата во Париз

Четири лица загинаа во експлозијата во Париз

Француските власти соопштија дека според последниот биланс од екслозијата што се случи изутринава во 9. париски арндисман животот го загубиле четири лица, јавува дописникот на МИА.

Меѓу четворицата загинати има два пожарникари кои биле во интервенција по пријавата за неисправна инсталација со природен гас.

Во претходниот биланс беше обавено за триесетина повредени лица од кои петнаесетина се со тешки повреди.

Јавниот обвинител на Париз отвори истрага за причините за експлозијата.

МИА