Актуелно 24.02.2019 13:32

Во експлозија на мина загинаа 24 лица во Сирија

Во експлозија на мина загинаа 24 лица во Сирија

Најмалку 24 лица загинаа денеска во Сирија, кога камион полн со работници налета на мина, поставена од страна на екстремистичката „Исламска држава“.

Како што објави сириската агенција САНА, експлозијата се случила во близина на градот Саламијех, а мините ги поставиле исламистите додека ја контролираа таа област.

ИД е протерана од целата територијата што некогаш ја контролираше во Сирија и Ирак, но остави зад себе безброј бомби и експлозивни направи, а многу области допрва треба да бидат исчистени од мини.(МИА)