Чоколадото е здраво, но ако се јаде во умерени количества. Еве колку е OK да јадете за да не го загрозите сопственото здравје.
Конзумацијата на три цели чоколади месечно го намалува ризикот од срцеви заболувања за 13%, но дневното конзумирање на овој десерт, кој содржи многу шеќер и маснотии, го зголемува овој ризик за 17%.
Природните состојки во чоколадо, флавоноиди, го подобруваат здравјето на крвните садови, а најздраво е темното чоколадо кое има највисоко ниво на флавоноиди и најниско ниво на шеќер.
Периодичното конзумирање на овој десерт, или три табли месечно, е добро за здравјето.
Научниците веруваат дека природните состојки во чоколадо, исто така, помагаат да се намали воспалението. Сепак, најважна е умереноста, односно, чоколадото е здраво само ако се јаде повремено, велат научниците.
“Чоколадото е важен извор на флавоноиди поврзани со намалување на воспалителните процеси и зголемување на нивото на холестерол”, вели главниот истражувач Чајакрит Кританавонг од Медицинскиот факултет во Њујорк.
Тој додаде дека, уште поважно, флавоноидите го зголемуваат нивото на азотен оксид, гасот што ги шири крвните садови и ја зајакнува циркулацијата.
“Сепак, бидејќи чоколадата има високо ниво на заситени масти, клучот е во умерена потрошувачка”, истакна тој.