Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ја осудува антимакедонската дволичност на Обединетите nации и нивната прослава на 70-годишнината на Денот на човековите права.
Сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права и достоинство, порачува Членот 1 од Универзалната повелба за човековите права на Обединетите нации.
Освен ако се Македонци. Во изминатите три декади, ОН ги прекршуваше својата сопствена повелба, меѓународното право и конвенциите за човекови права, во обид да и го смени името на Република Македонија, значењето на зборот „македонски“, и идентитетот и историјата на една цела етничка група. Овие дејствија претставуваат не само културолошки геноцид, туку и вистински геноцид – според дефиницијата на Обединетите нации.
Ги прашуваме земјите-членки на ОН кои го поддржуваат овој притисок – со кое право?
Почитување и заштита на човековите права на сите луѓе – освен ако се Македонци – ваков амандман треба да се додаде на Повелбата на ОН ако продолжи бесрамното кршење на два од основачките принципи на Организацијата:
Член 2 (1) – „Организацијата е заснована на принципот на еднаква сувереност за сите нејзини Членки“ и
Член 2 (7) – „Ништо содржано во оваа Повелба нема да им дозволи на Обединетите Нации да интервенираат во прашања кои суштински се под домашната надлежност на било која држава и на државите Членки нема да се наметне решение на овие прашања според оваа Повелба“.
Држави членки со „еднаква сувереност“ имаат право на нивното име и идентитет. Ништо не им дозволува на Обединетите Нации да се мешаат во внатрешните прашања на некоја земја – членка. Правно и морално, Обединетите Нации немаат право да ја натераат Република Македонија и македонскиот народ да го сменат името.
ММДЧП бара Обединетите Нации да ги почитуваат своите сопствени принципи и веднаш да ја примат Република Македонија како членка под нејзиното вистинско име, и на тој начин правно и трајно да стават крај на сите обиди да се сменат македонското име и идентитет. Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година”, пишува во обраќањето на ММДЧП до Обединетите нации.