Мозаик 21.06.2018 14:19

Chrome OS на пат да го „окупира“ и корпоративниот сектор

Chrome OS на пат да го „окупира“ и корпоративниот сектор

Откако трајно се насели во образованието, оперативниот систем Chrome OS на Google си пробива пат и во корпоративниот сектор, забележува анализа на тајванскиот медиум DigiTimes.

Google ја „турка“ својата Chrome Enterprise верзија, претставена во 2017 година, која ги чини компаниите 50 долари годишно за едно работно место. Оваа платформа поддржува интеграција со Microsoft Active Directory и други корпоративни системи за авторизација со дозволување исто на ИТ администратори да управуваат централизирано со поставувањата на прелистувачот, печатачите, ажурирањето и безбедноста со помош на MDM системи од типот VMware AirWatch.

Според извори од индустријата, Chrome Enterprise овозможува лесно управување со повеќе уреди базирани на Chrome OS. Системот има потенцијал да стане алтернатива на Windows, особено во деловниот сегмент, каде што особено внимание се посветува на намалување на оперативните трошоци.

Претходно оваа година, Acer го претстави првиот во своето портфолио компјутери со Chrome OS платформата за корпоративни клиенти – Acer Chromebook Spin 13 и Chromebook 13.

Друг главен производител, американскиот Dell, дебитираше на пазарот за бизнис-компјутери уште во 2015 година, додека HP Inc. почна да продава лаптопи во оваа класа во 2016 година.

Сепак, до објавувањето на Chrome Enterprise , платформата слабо навлегуваше во корпоративниот сектор.