Актуелно 12.01.2019 17:51

Цуцуловски: Заев повеќекратно ја убива државата на рати

Цуцуловски: Заев повеќекратно ја убива државата на рати

Професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил објави статус во врска со промената на уставното име на Република Македонија.

-ПОВЕЌЕКРАТНО УБИСТВО. Познатиот француски филозоф Жан–Пол Сартр (голем почитувач на Марксовото учење, меѓутоа не толку и на Енгелсовото) сметаше дека Енгелс двапати ја убил дијалектиката. Првиот пат, за да ја убие. Вториот, да се увери дека ја убил. Можеби Сартровата оцена е неоправдана. Но, така сметал.

Денес не се случува двојно убиство на дијалектиката (патем, Енгелс е починат) туку повеќекратно (на рати!) неовластено се убива една држава. До каде тоа ќе оди не може да се каже. Меѓутоа, дека сè има своја граница, е повеќе од сигурно, стои во неговиот статус на Фејсбук.

Најнови вести