Банкарство,Живот 25.06.2018 14:05

Дали младите ги “уништуваат„ банките?

Дали младите ги “уништуваат„ банките?

Цело време од постарите генерации може да се слушне како во нивно време, кога тие биле млади, се било подобро и поубаво. За среќа на вистината, секое време си е убаво, поинакво и подобро. Бизнисите мора да разберат дека со промената на генерациите и тие мора да се менуваат ако сакаат да опстојат на пазарот. Со финансиските институции промената не е брза, и затоа многу аналитичари веруваат дека младите ќе ги “уништат„ банките.

Кога имаат проблем со производот, тие прво бараат решение на Google па подоцна и се обраќаат на корисничката поддршка на банката. Процесот многу често почнува и завршува на Google. Младите генерации, особено оние родени после 1990 година, се чувствуваат многу покомотно да пишуваат пораки отколку да зборуваат на телефон. Тоа е главната причина зошто секогаш ќе го одберат Google за помош, а не корисничката поддршка на банката.

Дополнително, тие сакаат сами да се послужат. Овие генерации, сакаат се да создадат сами. Тоа е побрз начин отколку некој друг нешто им даде или заврши некоја работа. Тие ја сакаат брзината, сакаат работите да ги завршат брзо и прецизно.

Тие се хипер-конектирани генерација. 90% од времето го поминуваат на смартфон, лаптоп или таблет, па затоа мора да им пласирате точна, навремена и потполна информација за услугите. Банките знаат да каснат со информирањето на своите корисници. За овие генерации, чекање на повратен одговор од банката на имејл подолго од 10 минути, претставува проблем. Дури, некои одат толку далеку, што можат да ја променат банката.

Тие се толку активни на социјалните медиуми, што секоја слаба и јака страна можат многу лесно да ја споделат со своите пријатели. Истражувањата покажале дека моќта на препораката од пријател на социјалните мрежи (добра или лоша), има огромно влијание врз избор на банка.

И… за крај, кога ќе дојдат во вашата експозитура (што е чудно бидејќи имаат апликации за своите смартфони), посветете им го целото време и не ги оставајте да чекаат.