Двајцата поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои синоќа беа приведени, денеска биле нападнати во затворот во Шутка.
Јанакиески се здобил со скршеница на раката, по што итно е префрлен во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, додека пак Ристовски завршил со пукната аркада.
Подетални информации за нивната здравствена состојба се уште нема и се очекуваат за подоцна.
Дел од медиумите пренесуваат дека, благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.
За притвори, апсења и изживувања вчера предупреди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.
-Чудовиштето на чие чело е деспотот Заев е разнишано, готово. Го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на “рекла казала“ муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваш. Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден и не се плаши. Заев не ти се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ и народот не ти се плаши, рече Мицкокси и додаде:
„Ова што го правиш е лудило, ама ние сме спремни да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Македонија. Ти отчукува часовникот и Заев да знаеш готов си, нема бегање. Колку повеќе високо леташ, потежок ќе биде твојот трескот кога ќе паднеш, тоа јас лично ти го гарантирам. Апси, можеш да нарачуваш и убиства, но знај нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме. СДС знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тие сакаат да се збори за притвори, за апсења, за изживувања за да не се збори за вакцините кои убиваат, за здравството на Филипче кое убива, за неработа на Спасовски која убива, за Кочо и Тевдовски кои безмилосно го осиромашија народот, за тендерите и богатењето на брат ти Вице Заев, братучед ти Трајче, за земјоделците и пензионерите“.
За јавноста, останува отворено прашањето- дали по нарачка на премиерот Зоран Заев се претепани Јанакиески и Ристовски?