Финансии 02.11.2018 23:58

Дали просечен работник може да заштеди за 13 плата?

Дали просечен работник може да заштеди за 13 плата?

Ако во соседна Србија просечната плата е 49.000 динари, тогаш за да се заштеди цела една плата, потребно е месечно да се издвојуваат по 4.000 динари.

Се ближи крајот на годината, и оние работници кои нема да добијат 13-та плата од компанијата, можат самите себе си да си ја обезбедат.

Велимир Лукиќ, професор од Економскиот факултет смета дека е можно да се заштеди, така што 92% од платата оди за покривање на трошоци, а другите 8% може да се тргаат настрана.

„Оваа цел не е претерано амбициозна, но не е ниту недостижна. Така што секој може себе си да се израдува со 13-та плата“, вели тој.

За да се оствари ова, вели дека е најдобро да се отвори штедна книшка.

Смета дека тоа ја поттикнува навиката за штедење и дава резултати.