Мозаик 16.05.2018 14:51

Дали сте вистински продавач?

Кога зборуваме за продажба, секогаш постои определен број на личности кои ќе ви кажат – Јас не знам да продавам.

Aко некогаш и самите сте ги кажале овие зборови, еве некои новости за Вас:

Сите ние сме продавачи и се занимаваме со оваа дејност секојдневно. Тука не станува збор само за продажба на производи и услуги. Тука зборуваме за продажба на дел од себе – идеи, вредности, желби, цели.

Ние учиме да продаваме, пред да проговориме. Бебињата знаат како да го привлечат вниманието на родителите. Понекогаш, тоа е неодолива насмевка, а понекогаш е плач. Бебињата знаат како да се прилагодат во одредена ситуација и која техника да ја употребат, во зависност од личноста која е пред нив.

Децата, исто така се одлични продавачи. Тие точно знаат која техника да ја искористат во продавница за играчки. Децата секогаш поставуваат правилни прашања, знаат како да го надминат вашето одбивање, не прифаќаат НЕ како одговор и точно знаат која личност одлучува за купување.

Тинејџерите немаат лоши продажни вештини, многу вешто успеваат на родителите да им ја продадат идејата за продолжен излез, или избор на спорт кој не е по желба на родителите.

Кога ќе одлучите која ќе биде вашата професија, и понатаму останувате во продажба. Можеби, вашата позиција има назив уметнички директор, програмер или генерален директор, но во секој момент вие сте продавач. Како ќе биде прифатено вашето мислење од колегите, зависи од вас. Се е до тоа како ќе го продадете производот.

Кога сакате другите да ви веруваат, најважно од се е да зрачите со самодоверба и верба во себе. Ако првенствено, не се уверите себеси дека тоа е правилно, Вие не можете да ја продадете вашата вистина. Без верба нема да бидете успешни ни во комуникацијата со другите луѓе. Понекогаш ова значи дека ќе треба да се однесувате искусно и сигурно во себе, дури и кога сте на непознат терен.

Никогаш пред продажба не ги користете изразите:

– Јас ова никогаш не сум го правел/а

– Малку сум несигурен/а

– Можеби е подобро и да не започнувам

Овие изрази заменете ги со едноставната реченица:

-Ова за мене е предизвик кој сум подготвен/а да го прифатам