Големите гестови и подароци секако дека се пожелни, која од нас не сака од време на време да биде размазена од својот партнер?
Но, доказот за вистинската љубов не е во материјалните нешта туку во малите но од големо значење нешта.
Па ако вашиот сакан за вас прави некои од следниве работи едноставно треба да го задржите до себе…
- Се интересира како ви поминал денот
Едноставно прашање од типот “Како ти помина денот?“ покажува голем интерес и желба да дознае што сте правеле и дали се поминало во ред.
- Ви ја отвора вратата од автомобилот
Иако џентлменството денес не се смета за важно, веруваме дека на секоја дама добро би и дошло. Дури и да не сте на почетокот на врската овој потег ќе ве израдува.
- Сака да ве гушка и бакнува
Да бидете во прегратката на саканиот е нешто најубаво.
- Внимателно ве слуша
Кога покажува интерес значи дека ве смета за вредна за неговото внимание.
- Ви се јавува
Денес кога е попопуларно да се испраќаат пораки наместо да се зборува би требало да ве израдува ако тој сака да ве слушне бидејќи тоа значи дека ве почитува и цени.
- Ви кажува дека изгледате убаво
Мора да признаеме дека на секоја од нас и годи кога саканиот ќе истакне нешто што му се допаѓа кај нас.
- Ги помни деталите од претходниот разговор
Кога ќе спомне важен факт од разговорот кој сте го воделе пред некој ден, покажува дека ви посветува внимание на тоа што му го говорите.
- Ве држи за рака
Држењето за рака е нешто што повеќето не му посветуваат внимание но кога ќе ја земе вашата рака покажува дека е горд што е токму со вас.
- Неочекувани слатки пораки
“Се надевам дека се е ок, ми недостасуваш“ има огромно значење. Тоа секако дека ќе ви го подобри расположението.
- “Те сакам“ кога најмалку очекувате
Кога не ја очекувате оваа фраза веруваме дека ќе ви го стопи срцето.
Дали вашиот партнер го помина овој тест?