Економија 27.06.2018 11:46

Дали зголеменото производство ќе ја намали цената на нафтата?

Дали зголеменото производство ќе ја намали цената на нафтата?

Организацијата на земјите извозници на нафта едногласно договори зголемување на производството на нафтата за милиони барели дневно, објави саудискиот министер за енергија Халид Ал Фалих.

Но, милиони барели дневно не беше спомнато во текстот кој тие го потпишаа на состанокот во Виена, па според тврдењата на AFP, во сабота ова прашање треба дополнително да се дискутира.

ОПЕК и нејзините партнери во 2016 година договорија намалување на производството што придонесе за вртоглаво зголемување на цената на нафтата.

Произведувачите на нафта кои поседуваат неопходни средства за зголемување на производството ќе треба да го забрзаат процесот со цел да се компензиираат дефицитите на другите земји.

Од друга страна Иран кој се соочува со санкции во однос на производството и извозот, се спротивставува на оваа одлука со образложување дека тоа ќе предизика намалување на приходот во однос на нивниот саудиски ривал.