Актуелно 13.12.2018 19:07

Дамчевска Илиевска: Власта треба да има слух за проблемите на жителите од општина Бутел

Дамчевска Илиевска: Власта треба да има слух за проблемите на жителите од општина Бутел

Знаеме дека бројни општини добија грантови за да си ги покријат долговите, но за општина Бутел нема ни грантови ни претходно, ни сега. Мислам дека малку е подзаборавена и треба навистина да го подигнеме гласот заедно да излобираме, да се одвојат повеќе средства и да се направат повеќе потребни активности кои што ќе превенираат, изјави на денешната собраниска комисија за финансирање и буџет пратеничката Весна Дамчевска Илиевска.

Пратеничката истакна дека таа имала комуникација со жителите и советниците од општина Бутел, но како што речи таа за овој и за многу други проблем се обратиле до Советот на општината, но од страна на градоначалникот од СДСМ не добиле одговор бидејќи тој подолго време не присуствувал на седниците на советот на општина Бутел.

Апелирам за сите овие, иако навидум се ситни проблеми, треба пратениците од власта да покажуваат разбирање, ако не за нешто крупно што ќе се одрази на буџетот, за помали проблеми кои што ги допираат граѓаните со години и апелираат до нас како пратеници, додаде Дамчевска Илиевска.