Актуелно 30.09.2018 23:47

Данев: Нема да учествувам и да поддржам апсолутно никакви пост референдумски договори

Данев: Нема да учествувам и да поддржам апсолутно никакви пост референдумски договори

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев со Фејсбук статус по референдумскиот ден.

Неговото обраќање, ви го пренесуваме во целост:

Почитувани граѓани, на крајот од денешниот историски ден чувствувам потреба да одговорам на сите инсинуации и неаргументирани обвинувања.
Од првиот ден бев еден од најголемите критичари на спогодбата од Нивици, еден од прво потпишаните подносители на кривична пријава за велепредавство против Заев и Димитров и бев убеден дека само граѓаните се тие кои треба да се произнесат околу спогодбата, а не ние како претеници во Собранието на Р.Македонија, верувајќи дека граѓаните секогаш носат правилна одлука.
Со моето јавно неподржување на договорот и почитувајќи ја недвосмислената волја на Македонскиот народ, почитувани граѓани бидете сигурни:”За мене како пратеник спогодбата од Нивици е отфрлена од Македонскиот народ и како досега, така и од сега, нема по никаква цена да гласам за уставни промени со цел промена на нашето уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
П.С. Нема да учествувам и да поддржам апсолутно никакви пост референдумски договори со цел изигрување на референдумската волја на граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Најнови вести