Канцеларија на јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против даночен инспектор од УЈП за примање поткуп и истиот бил спорведен во истражниот затвор Шутка, по што му е доделена мерка на претпазливост куќен притвор.
Инспекто од регионалната канцеларија на Скопје индиректно преку две други обвинети лица побарал пари од 5.000 евра од правно лице за да не врши детални даночни контроли за пресметување на даночната обврска.
“Обвинетите на 05.11.2018 година, во угостителски објект, организираа средба во која оштетениот му дал пари во вредност од 5.000 евра во десет банкноти од 500 евра. Банкнотите се прелиминарно обработени во криминалистичкиот сектор на МВР. Обвинетиот ги ставил обработените пари во џебот, а по полициската интервенција тој бил фатен со банкнотите откако го напуштил хотелскиот објект “, соопшти обвинителството.