Економија 18.06.2018 12:02

Даночни контроли: Еве колку фирми „настрадаа“ од инспекторите на УЈП

Даночни контроли: Еве колку фирми „настрадаа“ од инспекторите на УЈП

Вкупно 1.085 даночни контроли направила Управата за јавни приходи (УЈП) во првиот квартал годинава. Од нив при 493 инспекции биле откриени неправилности во работата на фирмите, што е високи 45 отсто од вкупно извршените даночни контроли.

Ако се анализира структурата на овие инспекциски контроли, УЈП во првите три месеци направила помалку контроли за фискализацијата, останатите се по однос на работата на фирмите и плаќањето на даноците. Во бројки, за фискализација имало 183 даночни контроли, од кои во 72 биле откриени неправилности. Додека, за три месеци направени се 902 други даночни контроли од кои 421 се со неправилности. Она на што укажуваат овие бројки е тоа дека од контролите кои не се однесуваат на фискализацијата, многу е висок процентот на откриени даночни прекршоци. Односно во повеќе од половина од контролите, инспекторите откриле некоја неправилност. За сите нив почнати се постапки.

Инаку УЈП прави и надворешни контроли и такви за првите три месеци годинава се направени вкупно 1.357. И од овие висок процент биле со неправилности или во дури 576 контроли имало откриени некои недостатоци. И надворешните контроли се за контрола на работата на фирмите во однос на ДДВ, персоналецот, данокот на доход, приредувањето на игри на среќа.

Најнови вести