Економија 08.01.2019 13:18

Данска ќе гради нови вештачки острови за да привлече компании

Данска ќе гради нови вештачки острови за да привлече компании

Данска ќе изгради девет вештачки острови во јужниот дел на Копенхаген, за да се олесни сместувањето на компании, соопшти данската влада.

„Насочени сме кон високотехнолошки компании, но секогаш има место за производство на секојдневни производи“, изјави владин претставник.

Населението во Копенхаген постојано се зголемува и нема доволно простор за канцеларии. Изградбата на деветте острови треба да започне од 2022-ра година на површина од 3 милиони квадратни метри.

Првите терени ќе бидат пуштени во продажба од 2028-ма година и проектот чиј финансиски параметри не се објавени јавно, ќе биде завршен во 2040-та година.

Вештачките острови ќе бидат лоцирани во близина на аеродромот во Копенхаген и може да смести 380 компании.

„Мислам дека тоа може да се претвори во своевидна европска „силиконска долина““, изрази задоволство директорот на трговската комора на Данска, Брајан Микелсен.