Економија 23.08.2018 13:43

Зошто оваа година рекорден број туристи ќе ја посетат Данска?

Зошто оваа година рекорден број туристи ќе ја посетат Данска?

Данска се подготвува да прифати рекорден број туристи во оваа година. И покрај предупредувањата дека таа ќе биде пренатрупана со посетители, земјата нема намера да забави.

Во рок од три години се очекува Данска да располага со доволно хотелски кревети, за да услужи до 10 милиони туристи – скоро два пати повеќе од населението на земјата, според локалната стопанска комора, цитирана од „T + L“.

Претходно оваа година земјата го зазеде четвртото место во листата на „дестинации кои страдаат од пренатрупаност“, врз основа на бројот на туристи по глава на жител. Во 2017-та година Данска ја посетиле повеќе од 28 милиони туристи и има само 5,8 милиони жители.

Хотелите во моментов заземаат околу 80%. Според „Bloomberg“, Копенхаген се очекува да додаде уште 8.000 хотелски соби во наредните четири години. Туризмот во градот се очекува да расте за речиси 4 проценти секоја година до 2020-та година.

Овогодинешните рекордни бројки се должат, делумно, на невообичаено топлото време во почетокот на годината и домаќинството на Светското првенство во хокеј на мраз во Копенхаген во мај.

Од „Wonderful Copenhagen“ – туристичкиот одбор на градот, ја посочуваат архитектурата, дизајнот, одржливиот развој, разновидноста и сличноста на градот со „модерна бајка“, како причина за изборот на посетителите.

Но, „бумот“ во туризмот, исто така, може да се должи на растечкиот статус на Копенхаген како кулинарна дестинација. Со години „Noma“, каде што главен готвач е Рене Реџепи (Македонец кој во 1992-рата година од Тетово се преселил во Копенхаген) е сметан за најдобар ресторан во светот поради „раѓање“ на северната кујна (тој ја освои наградата на „Restaurant Magazine“ четири пати).

Ресторанот е отворен повторно оваа година како Noma 2.0, а тоа создаде побарувачка за разни прехранбени тури низ градот.

И за љубителите на удобноста, Данска е задолжителна дестинација. Претходно оваа година, земјата аплицираше за хипнотичката концепција за задоволство во обични моменти, надевајќи се дека ќе добие статус на „УНЕСКО“ како светско културно наследство.